Одличните настапи на младиот аргентински фудбалер Алехандро Гарначо во дресот на Манчестер Јунајтед веќе го примамија погледот на најголемиот еворпски клуб – Реал Мадрид.
Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез побарал состанок со крилото на „црвените ѓаволи“ и неговите застапнци на 17. април кога Реал Мадрид ќе му гостува на Манчестер Сити во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, пренесуваат шпанските медиуми.
Перез се надева дека ќе успее да го убеди Аргентинецот дека неговата иднина е на „Сантијаго Бернабеу“ каде во иднина ќе биде еден од клучните играчи на новата генерација заедно со Камавинга, Чуамени, Белингем, Вини Џуниор, Енрик…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА