Перез само што го претстави Мбапе, веќе тргна по ѕвезда на Ливерпул

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез само што го претстави Килијан Мбапе веќе се насочи кон ангажман на уште една европска ѕвезда.

Ливерпул и така има проблеми со најавени заминувања на Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк, а сега се потенцираат и преговори на Реал Мадрид со Трент Александер-Арнолд.

Неговиот договор со Ливерпул истекува следното лето, а се уште не е договорено продолжување. Но, дел од европските медиуми тврдат дека Перез во моментов е силно ангажиран да го донесе уште ова лето. Наводно, веќе се воспоставени контактите, а фудбалерот на Ливерпул нема ништо против да се пресели во Мадрид.

Александер-Арнолд целата своја професионална кариера досега ја мина во Ливерпул. Своето деби го имаше во 2016 година, а од тогаш запиша 310 настапи за „црвените“ во сите натпреварувања.

Се вчитува...