На Европското првенство 2024 во Германија има 13 фудбалер на Реал Мадрид, но претседателот Флорентино Перез внимателно следи и голем број други ѕвезди кои би можеле да бидат во иднина засилувања за „кралевите“.
Изминативе денови се зборуваше дека Флоријан Вирц го привлекол вниманието на Перез, но факт е дека првиот човек на „кралевите“ се „заљуби“ и во друг фудбалер кој ќе биде приоритет за Реал следното лето.
Добро упатени новинари од Шпанија тврдат дека германскиот репрезентативец Џамал Мусиала и тоа како го привлекол вниманието на Перез. Неговиот договор со Баерн Минхен завршува во јуни 2026 година, засега нема навестувања за продолжување на истиот, па Реал Мадрид сигурно ќе се активира во желбата да го донесе во своите редови.
Баварците, ако не му го продолжат договорот, нема да имаат избор освен да го продадат во јуни следната година. А, тоа и тоа како е шанса за Реал кој знае да биде трпелив кога е во прашање доведувањето играчи. Така беше и со Килијан Мбапе кој од овој трансфер прозорец е нов фудбалер на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

