Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез денеска зборуваше на годишното собрание на клубот, за да ги пофали ѕвездите на тимот, Килијан Мбапе и Винициус Јуниот.
Исто така им оддаде почит на заминатите Начо, Крос, Хоселу, а ги повали и повредени Карвахал, Милитао, Алаба.
Конечно, проговори и за Мбапе, кој во последно време е мета на се пожестоки критики од медиумите, исто како и Винициус, особено за неговиот однос.
„Доаѓањето на Мбапе беше еден од поважните настани во светот на фудбалот. Тој тогаш направи напори какви многумина не можат да замисла. Тој веќе ни помогна да го освоиме трофејот во Супер-Купот на Европа. Горди сме што имаме фудбалер како Винициус. За нас, и за многумина љубители на фудбалот, тој е најдобриот играч на светот. Вини, сакам да знаеш дека сите од Реал Мадрид се гордеат со тебе и со сите нефер моменти кои требаше да ги издржиш. И сето тоа направи да станеш играч каков што си“, рече Перез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА