Европскиот првак Реал Мадрид остана без Кристијано Роналдо ова лето, и освен голманот Тубо Куртоа не донесе ново ѕвездено име во тимот, но претседателот Флорентино Перез најавува офанзива по нови големи засилувања за следното лето. Негова најголема желба е Хари Кејн, англискиот репрезентативец и член на Тотенхем. Информациите од Мадрид велат дека ова е и препорака од Жозе Мурињо, кој би можел од следната сезона повторно да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, откако доби отказ од Манчестер Јунајтед.
Перез има подготвено неверојатна понуда. Тој планира да го испрати Велшанецот Герет Бејл назад во Лондон, и дополнително да плати 70 милиони фунти за да го купи Хари Кејн. Вкупната сума на оваа зделка би била околу 220 милиони фунти. Дури е можно во целата понуда да биде вклучен и Иско Аларкон, кој покажува незадоволство од малата минутажа што ја добива од новиот тренер Сантијаго Солари.
Интересно е дека и Барселона е заинтересирана за ангажман на Хари Кејн, кој би требало да го наследи Луис Суарез на „Камп Ноу“. Наддавањето меѓу шпанските гиганти секако ќе му се допадне на раководството на Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА