Два повторени старта, дожд и еден преполовен болид на патеката денеска за ГН на Монако. Низ улиците на кнежеството триумфираше Серхио Перез од Ред Бул, кој најдобро се снајде во хаосот кој го создаде дождот, а потоа и болидот на Мик Шумахер.
Втор заврши Карлос Сајнц од Ферари, додека трет беше Ферстапен од Ред Бул. Леклер, кој стартуваше како првопласиран, заврши на четвртата позиција, поради грешка во тактика на својот тим, односно при менувањето на пневматиците. Сите четири болиди завршија во интервал од по 1 секунда. На петтото место се пласираше Расел, додека Норис беше шести.
За Перез ова беше само трета победа во кариерата, и се чини ова беше највредната победа на Мексиканецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА