Заминувањето во пензија на Тони Крос и дефинитвно е тема број 1 во Шпанија. Реал Мадрид имаше намера да го задржи барем до 2025 година. Сега Флорентино Перез мора да ги земе работите во своите раце, и да бара играч кој ќе го замени. Беше во план да го стори тоа иддната година.
Но, Перез бил подготвен и за ова сценарио. И понатаму плановите се да биде потпишан Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, но играчот нема да може да дојде сега, туку дури во 2025 година. Меѓутоа и тоа го предвидел на Перез. Сега Едуардо Камавинга ќе добие повеќе минутажа, а тука е и Арда Гулер, кој брилијира кога ќе добие шанса, и се очекува идната сезона да добива поголема минутажа.
Камавинга и Гулер ќе бидат замените за Крос, се додека не дојде Вирц. Се очекува и во 2025 и Модриќ да стави крај на одисејата во Реал, па „кралевите“ ќе мора да ангажираат добри имиња. Извесно е дека летово ќе дојде Килијан Мбапе, а можеби и Алфонсо Дејвис.
Крос мина 10 години во Мадрид, освои се што можеше да се освои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

