Перез веќе го загуби трпението кон Винисиус: „Земи или остави!“

Веќе некое време се зборува за нов договор за една од најголемите ѕвезди на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, кој заедно со Килијан Мбапе е најголемото име во кралскиот клуб.

Досега не е постигнат никаков договор, а се зборуваше и за заминување на Бразилецот на Блискиот Исток.

Првиот човек на мадридскиот клуб, Флорентино Перез сега очигледно го изгуби трпението околу целата оваа ситуација. Според шпанскиот новинар, Хозе Педрерол, претседателот на Реал Мадрид му ја претставил на Винисиус Жуниор својата последна понуда.

Иако деталите или бројката што му ја понудиле не се познати, овој извор спомена една многу интересна работа.

Имено, понудата на Перез за Винисиус Жуниор е понуда од типот „земи или остави“ и нема да биде предмет на преговори. Доколку не ја прифати, еден од најдобрите играчи на клубот ќе може да почне да ги пакува куферите и да бара нова средина.

Флорентино Перез е познат по својата бескомпромисност, како во бизнисот, така и во спортот. Како претседател на Реал Мадрид, тој секогаш го става интересот на клубот пред сè, а неговата решителност во донесувањето тешки одлуки честопати била клучот за успехот.

Перез е подготвен да плати големи суми за врвни играчи, но никогаш не се согласува со услови што би ја загрозиле финансиската стабилност на клубот.

Се вчитува...