Младиот Бразилец Ендрик од следната сезона ќе настапува за првиот тим на Реал Мадрид откако шпанскиот и бразилскиот Палмеирас уште во текот на сезоната постигнаа договор за трансфер вреден 60 милиони евра.
Седумнаесетгодишникот е дел од олимписката селекција на Бразил која се натпреварува за место на престојните Летни олимписки игри во Париз, а вчера на мајсторски асистираше во 88. минута за победоносниот гол над Венецуела па во извештајот до претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез бил спореден со Лука Модриќ.
„Тој е посебен фудбалер. Повеќе од само напаѓач. И покрај тоа што има извонредна завршница, знае да ги разигра и соиграчите како Лука Модриќ“, откриваат шпанските медиуми.
Самиот Перез бил еден од клучните луѓе за остварување на трансферот и во младиот Бразилец гледа некој кој ќе биде клучен дел од тимот во иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

