Перез засекогаш „кренал раце“ од Мбапе

Откако го продолжи договорот со ПСЖ, а го одби Реал, Килијан Мбапе и натаму размислува за дресот на „кралевите“. Тоа го призна во едно неодамнешно интервју во „Њујорк Тајмс“.

Мбапе тогаш кажа: „Никогаш не се знае што може да се случи. Не сум бил во Реал Мадрид, но чувствувам дека тоа е мојот дом“, рече Мбапе.

Но, се чини дека овие зборови на Мбапе нема никогаш да станат реалност, ако се има во предвид размислувањата на Флорентино Перез. Перез се „изгоре“ на доведувањето на Мбапе, и не е воодушевен од идејата да проба нова офанзива.

Шпанските медиуми објаснуваат дека во следните години главни приоритети ќе бидат Ерлинг Халанд, и 16-годишниот Ендрик од Бразил. Ендрик е чудо од дете, напаѓач кој го пара пола Европа. Реал Мадрид сака да го донесе следнот олето.

Меѓутоа засега се чини дека доведувањето на Халанд е невозоможна мисија, со оглед дека тој годинава потпиша со Манчестер Сити.

Се вчитува...