Италијанскиот тенисер Јаник Синер ќе игра во финалето на Австралија Опен откако во еден од најдобрите мечеви низ досегашната своја кариера триумфираше во четири сета против најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.
Синер (4. место на АТП листата) во полуфиналето одигра меч од соништата против Ѓоковиќ доминирајќи во секој аспект на крај сосема заслужено доаѓајќи до победата. Ѓоковиќ не успеа да дојде до ниту еден брејк-гем на мечот, што доволно зборува за играта на Синер.
Првите два сета Италијанецот доминираше максимално добивајќи ги со 6-1 и 6-2, за да во третиот сет Ѓоковиќ успее да се врати и во тај брејк го доби сетот со 7-6(6). Но, Новак немаше сили во четвртиот сет, пред се против сервисот на Синер. Па Италијанецот го доби четвртиот сет со 6-3 за конечна победа.
Во финалето Синер, за кого ова ќе биде прво гренд-слем финале, ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Данил Медведев и Александер Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА