Македонскиот тренер Данило Брестовац одлично ја започна сезоната во катарското првенство. Во првите четири кола во тамошниот шампионат запиша исто толку победи.
За одбележување е триумфот против Духаил, еден од трите големи катарски клуба. Беестовац и неговите момци славеа со 30-27. Вo редовите на оваа екипа има дури 12 репрезентативци на Катар, кои би можеле да вкрстат со Македонија во вториот круг на претстојното Светско првенство во јануари.
Брестовац ги порази екипите на Катар клуб, Ал Шамал и Ал Сад . Третопласираниот клуб од минатата сезона Ал Араби и нашиот стратег Данило Брестовац се наметнуваат како сериозен кандидат за освојување на првенството.
Паузата во катарскиот шампионат е иницирана од селекторот на националниот тим на Катар, Веселин Вујовиќ кој го состави поширокиот состав за СП. Селекцијата на Катар ќе се подготвува десет дена во Србија, а како база ја одбра Стара Пазова па Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА