Кошаркарите на Куманово триумфално ја завршија целокупната второлигашка сезона, откако во вечерашниот „ревијален меч за првото место“ славеа над Шкупи со убедливи 77-59.
Ова беше пресметка на два тима кои обезбедија влез во елитното друштво, се играше кошарка без никаков резултатски притисок, а кумановци уште покажаа дека се поквалитетен состав и заслужено триумфираа со убедливи 18 поени разлика. По мечот, тимот на Марин Докузовски се закити и со пехарот за најдобар тим во Втората лига што на капитенот Јанески му го врачи директорот во КФСМ, Марјан Србиновски.
Во ревијалниот дуел за третото место, Ангели славеше над составот на Маџари со убедливи 85-56. Со тоа, втора година по ред екипата од Драчево завршува како третопласирана во оваа второлигашка конкуренција, во која во наредната натпреварувачка сезона ќе играат екипите на Бутел и на Црн Дрим, додека од ова друштво испаднаа екипите на Куманово 2009 и на Тетекс ТТК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА