Возачите на Мекларен ги зазедоа првите две места во квалификациите за последната трка од сезоната во формула 1 која утре ќе се вози во Абу Даби.
Првото место му припадна на Ландо Норис, кој ќе стартува пред клупскиот колега Оскар Пјастри, а третото место ќе биде за Карлос Сајнц на својата последна трка во болидот на Ферари.
На Мекларан, на тој начин, му е потполно отворен патот кон освојување на титулата кај инструкторите, затоа што пред последната трка имаат 21 бод повеќе од Ферари.
Четвртото место го освои Нико Хулкенберг, и тоа претставува најголемо изненадување на овие квалификации, а најнепријатно е Макс Ферстапен кој трката ќе ја почне од петтата позиција. Зад него е Пјер Гасли, а потоа следат Џорџ Расел, Алонсо, Ботас и Серхио Перез.
Очајни квалификации имаа Шарл Леклер кој ќе тргне од последното место, додека Луис Хамилтон својата последна трка за Мерцедес ќе ја стартува дури од 17-та позиција.
LANDO NORRIS TAKES POLE!!!
Team mate Oscar Piastri locks out the front row for McLaren with Carlos Sainz taking third
#F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/jCHwf2RYUq
— Formula 1 (@F1) December 7, 2024
Трката за Големата награда на Абу Даби се вози утре од 14 часот по средноевропско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА