Некар Левен со импресивна игра стигна до својата втора победа во ЛШ сезонава, триумфирајќи на гостувањето против Кристијанштад со убедливи 22-35.
Германскиот тим одигра фуриозно во текот на сите 60 минути, доминираше од почеток до крај и заслужено стигна до двоцифрена победа над шведскиот првак. Во второто полувреме во игра влезе и Филип Талески, кој уште еднаш покажа дека кога и да добие шанса ја оправдува довербата на тренерот Јакобсен.
Македонскиот бек го заврши натпреварот со три гола од исто толку обиди, а најефикасни во редовите на германскиот шампион беа Толбринг со седум и Рајнкинд со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА