Периќ: Верувам дека ќе одиграме многу подобро од првиот натпревар во Данска

Македонскиот претставник во Лигата на Европа, Пелистер утре во Битола ќе го пречека данскиот ГОГ Гудме. Плејмејкерот на „пелистерци“, Јосип Периќ вели дека од првиот натпревар во Данска кој заврши без победник тимот е во поголема форма и очекува уште подобра партија.

„По овие две победи мислам дека ќе ни биде многу полесно да го одиграме овој натпревар против ГОГ Гудме. Данците играат многу поразличен ракомет од Татабања. Од првиот натпревар во Данска одигравме многу повеќе натпревари, се запознавме подобро, имаме и некои нови играчи и верувам дека ќе биде поквалитетен дуел од првиот. Секако дека имаме квалитетни играчи кои не добија голема минутажа досега, но веќе покажаа дека на нив треба да се смета и можат да издвојат свој учинок во екипата. Ние играме поразличен ракомет од нив. Нашиот стил се базира повеќе на одбрана, а тие се млади и негуваат брз ракомет. Ќе се обидеме да ги успориме и да ги победиме“, вели Периќ. 

Натпреварот меѓу Пелистер и ГОГ Гудме е закажан за утре со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...