Перин ја доби довербата да го чува голот на „старата дама“ – Алегри ќе го „олади“ Шчесни во дуелот против Сампдорија

„Старата дама“ оваа сезона има големи проблеми, како во одбраната, така и во нападот, па тренерот на Јувентус е приморан да имплементира нови реформи со цел да се излезе од фудбалското сивило во Серија А и Лигата на шампионите.

Првата жртва ќе биде досегашниот голман на тимот од Торино, Војчех Шчесни, кој ќе биде оставен на клупата за резерви на претстојниот натпревар против Сампдорија, а на неговото место најверојатно довербата ќе ја добие Матијас Перин.

Алегри беше подготвен за сличен потег и претходно, но, претпочиташе да му даде шанса на Шчесни да се рехабилитира за лошите интервенции што ги направи во почетокот на сезоната. Полјакот на натпреварите со Удинезе и Наполи направи големи грешки и дозволи лесно да се затресе неговата мрежа со што предизвика жестоки реакции кај фановите на „старата дама“.

Се вчитува...