Перишиииќ – одличен удар со глава за 1-1 (ВИДЕО)

Хрватска рано во второто полувреме успеа да изедначи на 1-1 во осминафиналниот натпревар на Светското првенство во Катар. Херојот на „коцкестите“ e Иван Перишиќ кој постигна одличен гол во 56. минута.

На нафрлувањето на Ловрен, Перишиќ совршено стрелаше со глава од десетина метра, а голманот Гонда немаше сили да го спречи ударот.

Се вчитува...