Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ е на чекор до трансфер во германскиот првак Баерн Минхен. По доаѓањето на Антонио Конте во Интер на крилниот играч му беше соопштено дека не е во најтесните планови на стручниот штаб, а за него интерес покажа сонародникот Нико Ковач, кој е на кормилото на Баерн Минхен.
Медиумите на Апенините јавуваат дека зделката е договорена, а Перишиќ воопшто не е во составот на Конте кој треба да игра пријателски натпревар против Валенсија. Тој треба да пристигне на едногодишна позајмица во Баерн Минхен, германскиот клуб ќе плати 5 милиони евра, а потоа ќе може да го откупи комплетно договорот за дополнителни 20 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА