Иван Перишиќ е „планот Б“ на Баерн Минхен за засилување на крилната позиција на баварскиот гигант, откако поради тешката повреда на Лирој Сане пропадна идејата германскиот репрезентативец да се врати назад во татковината.
Хрватскиот интернационалец не е дел од плановите на Антонио Конте и доби зелено светло за заминување, па Перишиќ денешниот ден го мина на лекарски прегледи во Минхен. Германските медиуми тврдат дека прегледите се завршени успешно, по што е добиено зелено светло за комплетирање на трансферот.
Баерн ќе плати пет милиони евра за едногодишна позајмица на Перишиќ, а следното лето ќе може целосно да го откупи неговиот договор со Интер за дополнителни 20 милиони евра.
Баварскиот гигант ќе биде трет клуб во Германија чии бои ќе ги брани Хрватот, кој претходно настапуваше за Борусија Дортмунд и за Волфсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА