Перишиќ и Брекало пречекани на преполниот „Пољуд“ како да се Марадона и Меси

Пред почетокот на јадранското дерби, навивачите на Хајдук ги поздравија новите играчи на „Белите“ Иван Перишиќ и Јосип Брекало. Иван Перишиќ веќе потпиша и беше претставен пред сплитската јавност, а истото ќе го направи и Јосип Брекало во понеделник.

Во неделата, пред почетокот на дербито меѓу Хајдук и Риека на „Пољуд, двајцата се појавија заедно на центарот на теренот. Перишиќ со аплауз го поздравуваше повремениот соиграч од репрезентацијата и го прегрна.

Тие заедно го поздравија распродадениот стадион со над 30.000 домашни навивачи кои одговорија со громогласен и долготраен аплауз. Перишиќ и Брекало потоа се префрлија во свечената ложа од каде  го следат дербито.

Се вчитува...