Иван Перишиќ е најзаслужен за победата на Хрватска против Франција од 2-0 во четвртфиналето од Лигата на Нации.
На дуелот на „Пољуд“ во Сплит, Перишиќ беше пречекан со свирежи од домашната публика поради ситуацијата со Хајдук на почетокот од сезоната, но затоа врати со феноменална партија во која најпрво беше асистент при голот на Будимир, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелци.
Со голот кој го постигна го прескокна Марио Манџукиќ на вечната листа на стрелци на хрватската репрезентација. Фудбалерот на ПСВ дојде до бројката од 34 погодоци во националниот дрес и го остави Манџукиќ зад себе кој има 33 гола. Пред Перишиќ сега е само легендарниот Давор Шукер кој во репрезентативната кариера постигна 45 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА