Хаосот со Иван Перишиќ во Хајдук заврши со разделба на хрватскиот репрезентативец од сплитскиот клуб.
Неодамна тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо обелодени дека овој играч уште пред 20 дена побарал да си замине, по што хрватскиот репрезентативец го навлече бесот на навивачите. Тој потпиша за Хајдук по тешка повреда на коленото, во сплитскиот клуб се рехабилитираше за да може да настапи на ЕВРО 2024, а сега го остави клубот на цедило.
Според последните информации, Перишиќ побарал заминување од Хајдук поради пристигната понуда од италијански Комо која не сакал да ја одбие.
Но, нелојалноста на Перишиќ кон клубовите не е непознато нешто. Уште кога играше за Борусија Дортмунд, кој тогаш беше предводен од Јирген Клоп, често знаеше да го искажува својот револт поради слабата минутажа. Но, тогаш Клоп знаеше како да го замолкне Хрватот…
„Подобро му е само да молчи. Со постојаното плачење во јавност, ништо не постигнува за себе. Секој професионалец мора да научи да биде во функција на тимот, а не да ги гледа само личните интереси“ – му порача тогаш Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА