Иван Перишиќ ја имаше улогата на херој во финалето од Купот на Италија, со два гола во продолженијата носејќи му го пехарот на Интер.
Хрватот не го криеше задоволството од новиот освоен трофеј, но испрати и порака до раководството на Интер кое се уште му нема понудено нов договор. Крилниот офанзивец има договор до 30 јуни 2022 и се уште нема потпишано нов договор со клубот, па огромни се шансите дека тој летово ќе си замине од „Џузепе Меаца“.
„Се чувствувам како лидер, но кога тимот игра толку добро, лесно е да се биде лидер. Мораме да продолжиме во ист ритам, имаме уште две средби до крајот на сезоната, се уште веруваме дека можеме да го земеме и скудетото пред Милан. За договорите…. искрено, се уште не знам ништо. Она што го знам сигурно и што можам гласно да го кажам – со најдобрите играчи не треба да чекаш до последните минути. Тоа треба сите да го знаат“, порача Перишиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА