Хрватска повторно ги надмина сите очекувањата и се најде во ново Мундијалско полуфинале. „Коцкесите“ одиграа неверојатен натпревар против фаворизираниот Бразил за пласман меѓу најдобрите четири, а сега ги очекува уште еден јужноамерикански претставник за ново финале со кое ќе се повтори успехот од Русија.
Говорејќи за медиумите пред утрешниот натпревар од 20 часот, Иван Перишиќ изјави дека тој и соиграчите ќе бидат максимално подготвени бидејќи исто како и Меси, и тие го сакаат трофејот.
„Прекрасно е чувството да играте на второто последователно полуфинале на Светско првенство. Но сакаме и финале. Ќе биде сличен натпревар како проитв Англија пред четири години. Тогаш Англија имаше добар тим, има сега и Аргентина. Мораме да играме исто како и против Бразил па тогаш се е можно. Меси ја сака титулата? Па јас сакаме и ние. И затоа ќе бидеме 100 отсто подготвени. Се надевам на еден тврд и машки натпревар па нека победи подобриот“, вели Перишиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА