Перишиќ му кажа ДА на Интер, но …

Иван Перишиќ би можел да се врати назад во Интер, откако хрватскиот ветеран веќе ги договори личните услови за камбек на „Џузепе Меаца“. Сепак, проблем претставува ставот на ПСВ Ајндховен откако холандскиот првак ја одби понудата на „нероаѕурите“, со јасна порака дека Перишиќ не е на продажба.

Хрватот со успех настапуваше за Интер од 2015 д0 2022 година, одигрувајќи 208 натпревари со 49 постигнати погодоци. Тој има само убави спомени од времето минато во овој клуб, што беше причина експресно да ги договори личните услови. „Нероаѕурите“ во него гледаат идеално привремено решение на позицијата десен бек по повредата на Дамфрис, самиот Перишиќ сака да се врати, но во ПСВ не сакаат ни да чујат за заминување на играчот кој е стандарден првотимец и оваа сезона.

Фактот дека е пред залезот на кариерата, но исто така и дека има само уште шест месеци од договорот ја прави цената на Перишиќ минимална (околу еден милион евра), па во ПСВ сметаат дека им е поважно Хрватот да остане отколку да заработат мала сума од неговиот трансфер.

Се вчитува...