Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ ќе остане во Интер и ќе потпише нов договор со италијанскиот калчолигаш. Тој беше на прагот на преселба на „Олд трафорд“, меѓутоа Манчестер јунајтед не се осмели да плати 53 милиони евра, колку што побара раководството на италијанскиот клуб како отштета. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, притискаше да го доведе во Англија, меѓутоа и Лучијано Спалети не сака лесно да се откаже од одличниот крилен напаѓач.
Најновите вести од „Џузепе Меаца“ се дека Иван Перишиќ ќе потпише нов договор со Интер и ќе добие зголемување на годишната плата. Според новиот договор, тој ќе заработува 6 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА