Перишиќ со интересна објава откри како се рехабилитира од повреда: Мојата визија е јасна

Иван Перишиќ заработи тешка повреда која ќе го оддалечи од теренот до крајот на сезоната 2023/24, но хрватскиот интернационалец од редовите на Тотенхем веќе напорно работи на рехабилитација.

Тој на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави галерија од Сплит на која се гледа како работи на подобрување. Перишиќ е без штаки и успева нормално да ја мрда ногата, вежбајќи во вода, а поминува и драгоцено време со семејството.

Хрватот објавата ја наслови „Мојата визија е јасна“, наговестувајќи дека е мотивиран за враќање на терените и на 35-годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Perišić (@ivanperisic444)

Се вчитува...