Иван Перишиќ и официјално е нов член на англиски Тотенхем. Лондонскиот клуб го потврди трансферот, кој е со важност до 2024 година. Тој доаѓа од Интер како слободен играч, со оглед дека му истече договорот со „нероазурите“. Беше еден од најдобрите играчи на италијанскиот тим.
Перишиќ во минатото играше во Хајдук, потоа во Сошо, Роселаре, Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, па во Баерн Минхен, пред да се пресели во Интер.
На Антонио Конте му добро познат, со оглед дека токму тој го донесе на „Џузепе Меаца“. Перишиќ со Интер ги освои сите трофеи: Серија „А“, Куп и Супер-Куп.
Тој е хрватски репрезентативец со 113 настапи и 32 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА