Иван Перишиќ пред нешто повеќе од две недели го раскина договорот со Хајдук и е единствениот репрезентативец на Хрватска кој во овој прозорец во Лигата на нации пристигна како играч без клуб.
По седум месеци престој во Хајдук се обиде да премине во Серија А, но преговорите со Монца и Комо не се реализираа.
Според хравтски „Спортске новости“, Перишиќ од неодамна тренира во Загреб. Со оглед на тоа дека два месеци нема одиграно натпревар, би можел да заигра за Локомотива Загреб.
Познато е дека Перишиќ играше за нула евра во Хајдук, па веројатно до зима би се согласил на минимална плата во тимот од главниот град на Хрватска. Освен него, за трансфер во Локомотива наводно е заинтересиран и Шиме Врсаљко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА