Перишиќ веднаш го налути Конте

Антонио Конте по своето доаѓање најави дека е подготвен да му даде шанса на Иван Перишиќ да ги покаже своите квалитети за да остане во Интер. Сепак, само еден натпревар беше доволен за новиот тренер да ја загуби довербата во Хрватот. Конте дефинитивно ќе инсистира на формација 3-5-2 со Интер, што е проблем за крилните играчи како Перишиќ. Тој доби шанса како лев бек/крило на контролата со Манчестер Јунајтед, но одигра многу слабо.

„Веднаш стана јасно дека Перишиќ не може да одговори на она што го барам од него, да ја држи целата страна и во напад и во одбрана. Во моментов можам да го користам само како напаѓач, но очекувам и таму конкуренцијата да се зголеми во следниот период“ – критичен беше Конте кон Хрватот.

Тренерот со тоа даде зелено светло за заминување на Перишиќ, кој во јануарскиот преоден рок беше многу блиску до преселба во Арсенал. На негово место се очекува ангажман на нов лев бек, а како опции се споменуваат Дармијан од Манчестер Јунајтед и Коларов од Рома.

Се вчитува...