Перкинс за Харден: Во Мајами не можевме да го изнесеме од стриптиз клубовите…

Пред неколку години во САД излезе студија за влијанието на стриптиз клубовите над кошаркарите во НБА лигата, која мора да се напомене дека има сомнителен кредибилитет. Еден од игрчите кои ги опфати истата беше Џејмс Харден, кој е познат како „фан“ на овие клубови, а студијата вели дека бекот бележи подобри настапи кога игра во Торонто, каде стриптиз клубовите се оценети со слаба оцена, за разлика од Мајами каде истите се најдобри во Америка.

За ова сега проговоре и неговиот соиграч од Оклахома, Кендрик Перкинс, кој заедно со Харден стигна до финалето на лигата во 2012 година. Во плејофот Тандер „збриша“ се пред себе, серијата ја започна со „метла“ над Далас во првата рунда (4-0), серија во која Харден постигнуваше просек од 18.3 поени, продолжувајќи со 4-1 против Лејкерс и просек од 16.0 поени, додека „Брадата“ со 18.5 поени по натпревар беше и еден од клучните играчи во конференциското финале против Сан Антонио (4-2).

Како што вели Перкинс, се било добро до самото финале, кога морале да се соочат со Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Крис Бош, но и стриптиз клубовите во Мајами…

„Во Сан Антонио беше супер бидејќи немавме што да правиме, но срање, налетавме на Мајами и „висеше“ таму, не можевме да го извадиме од стриптиз клубовите“ – изјави Перкингс на ‘All The Smoke’ подкастот.

Во финалето на НБА лигата, Мајами беше убедлив против Оклахома, добивајќи ја серијата со 4-1, а „перформансот“ на Харден беше за заборав. „Брадата“ имаше просек од 12.4 поени, а во два натпревари не ја помина границата на двоцифрени поени. Набрзо потоа, триото на Тандер се распадна, а останатото е историја.

 

Се вчитува...