Поранешниот НБА играч, Кендрик Перкинс смета дека Никола Јокиќ бил вмешан во шокантното отпуштање на Мајкл Мелоун.
Денвер Нагетс го отпуштија Мелоун по десет години во кои тој стана најпобедничкиот тренер во НБА во тој период, a пред две години им ја донесе и единствената титула во историјата.
Јавноста во НБА беше шокирана од отказот, пред се затоа што тоа се случи на само три натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната.
„Овој отказ не може да се случи без одобрение на Никола Јокиќ. Знам дека веројатно ќе продолжат да се појавуваат разни шпекулации, сè уште е некако свежо. Но, нема шанси некој да ме убеди дека играч од тој калибар немал никаква улога или не го кажал својот збор кога станува збор за отказот на тренерот Мајкл Мелоун“ – рече Перкинс.
Нагетс се во серија од четири порази, што ја загрози нивната плеј-оф позиција, а пред само две недели, Мелоун некако откри дека ја нема поддршката од играчите.
„Всушност, воопшто не ме изненадува тоа што Мелоун доби отказ. Еве зошто: Сите можевме да видиме во текот на минатата сезона дека ова оди во таа насока за Мелоун. Тој ја изгуби довербата во соблекувалната. Ако сакате да видите што чувствува тимот за нивниот тренер, само гледајте ја нивната борба и како играат одбрана“ – истакна Перкинс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА