Проектот на КК Гостивар уште повеќе добива на сериозност откако денеска беше обелоденето дека дел од раководството на овој клуб станува и Перо Антиќ. Поранешниот капитен на националниот тим изразил интерес да стане дел од раководството на гостиварци, купувајќи 20% од акциите во повратникот во елитното друштво.
„Можам да објавам дека добро познатиот кошаркар, Перо Антиќ, стана дел на КК Гостивар, купувајќи дел од акциите во клубот“ – изјави тим-менаџерот Младен Ѓуроски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА