Перо Антиќ – главна ѕвезда на првиот собир на Гостивар (фотогалерија)

Перо Антиќ беше ѕвезда на денот на првата прозивка на КК Гостивар, на која Марјан Србиновски ги „построи“ играчите кои ќе го носат дресот на гостиварци во новата сезона. Големиот ас од ланската сезона е еден од акционерите во Гостивар, а во ситуација кога се уште е без ангажман Антиќ ја прифати понудата на раководството, за кревање на атмосферата и тимскиот дух од првиот заеднички собир.

Гостиварци имаа најбројна публика во текот на ланската сезона, стотина фанови дојдоа на денешниот прв собир, па јасно е дека кошарката останува во мода во овој град. А со силна поддршка од трибини, секогаш се остава и срце на терен – добитна комбинација за добар резултат и во наредната сезона.

 

Се вчитува...