Перо Антиќ: Името на МКФ е сменето со одлука на Собранието кое го води Петар Наумовски, мојот избор за претседател беше потоа

Претседателот на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ, четири години по промената на кошаркарската власт во земјава и еден месец по неговиот реизбор на чело на македонската кошарка се одлучи првпат да проговори за промената на името на оваа организација.

Низ изминативе четири години, Антиќ најчесто беше напаѓан за промената на името на федерацијата од 2019 година, притоа не сакајќи да невлегува во полемика за истото. Иако сега, како што самиот нагласува, сака конечно да се расчисти вистината еднаш засекогаш.

Согласно информацијата и документацијата од кошаркарската федерација, промената на името на Федерацијата од МКФ (Македонска кошаркарска федерација) во КФСМ (Кошаркарска федерација на Северна Македонија) е случено на одржаното Изборно собрание на 15 мај 2019 година закажано од поранешниот претседател Петар Наумовски, со одлука која е вметната во дневниот ред на истото.

„Од дневниот ред добро се гледа дека како шеста точка на Собранието е носење одлука за промена на називот на Федерацијата. Во тие моменти, Собранието го води тогашниот претседател Петар Наумоски. Мојот избор за претседател е дури деветта точка откако претходно беше констатиран престанок на функцијата на мојот претходник. Петар Наумоски, на тоа Собраниа а делегатите добро знаат и се сеќаваат, појасни дека законска обврска на сите спортски федерации е да направат промена на називот. По препорака на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет даден е предлог за полн и скратен назив на федерацијата. Називот на Здружението на граѓани е Кошаркарската федерација на Северна Македонија. Скратено име е КФСМ. Ваквиот предлог беше усвоен со 27 гласа ЗА“ – истакнува Антиќ со желба за расчистување на некои нешта кои

Кошаркарската федерација на Македонија е една од ретките спортски организации кои го сменија називите по промената на името на државата. Факт е дека поголемиот дел од спортските федерации, главно, ги задржаа старите имиња.

Се вчитува...