Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија и еден од најдобрите македонски кошаркари, Перо Антиќ е назначен за амбасадор на Интерконтиненталниот куп на ФИБА кој ќе се одржи во Сингапур во периодот од 18. до 21. септември.
„Како кошаркар не настапив само на Интерконтиненталниот куп на ФИБА кој моите пријатели од Олимпијакос го освоија во 2013 година, само неколку месеци откако потпишав за Атланта. Секогаш е забавно да се видат различни култури и филозофии, на, но и надвор од терените. Додека играв за македонската репрезентација уживав во тоа што не сум во центарот на вниманието туку во улога на аутсајдер, па ме интересира кој од учесниците во Сингапур ќе биде во улога на Пепелашка“, изјави Антиќ.
Покрај Антиќ амбасадор на ова натпреварување ќе биде и легендарниот Французин, Рони Туриаф. На Интерконтиненталниот куп годинава ќе настапат во групата А: Ал Ахли, Уникаха и Уцуномија, додека во групата Б: Фламенго, Илавара Хоукс и НБА Џи лиг јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

