Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија и еден од најдобрите кошаркари во историјата на нашата земја, Перо Антиќ вчера присуствувал на тренинг на Атланта Хоук, НБА тимот од кој беше дел од 2013 до 2015 година.
Тој за оваа посета се пофали на социјалните мрежи каде постави и фотографии со својот поранешен соиграч од Атланта, Кајл Корвер, како и со Екпе Удо со кого ја освои титулата во Евролигата.
Антиќ беше првиот македонски кошаркар кој настапуваше во НБА лигата, а во неговата втора сезона во Атланта успеа да стигне и до финалето на Источната конференција каде беше елиминиран од Кливленд кавалирс предводен од Леброн Џејмс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

