Перо Антиќ: Немате мадиња! На странски судии сите молчите, а на нашите врескате…

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ со статус на Фејсбук ги „пецна“ кошаркарите и тренерите на МЗТ Скопје и на Карпош Соколи, затоа што беа навистина многу мирни кон турските судии (странци), кои за првпат во историјата на македонската кошарка судеа денеска на мајсторката од финалната серија. Наспроти ова, бевме сведоци како истите овие актери врескаа на секоја одлука на македонските судии на претходните четири меча од финалната серија.

„Го гледам натпреварот МЗТ – Соколи и сакам да ги прашам сите тие играчи што на секоја одлука на нашите судии им се внесуваа во фаца, а сега дека се дојдени судии од друга држава (за квалитетот на арбитрите странски, откако ќе заврши моето првенство -за тројца на натпреварот што се во моментов да појаснам) дигаат рака, се согласуваат со секоја одлука и сите се задоволни.

Заклучок: Нашите судии се лоши или другиве (играчи, тренери и се останато – учесниците на натпреварот во моментов) немате грам мадиња!!! Па гледајќи го првото полувреме направија 100 грешки, а никој никаква реакција)

Заклучок:

Се е подобро од македонското!!!

Со мадиња и став се раѓаат луѓе – не се прават преку ноќ!!!

Поздрав oд небитниот…, е статусот на Фејсбук на Перо Антиќ.

Се вчитува...