Перо Антиќ: Посакав и јас да влезам во игра покрај тие навивачи во Истанбул

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ го привлече вниманието на вчерашниот натпревар од Евролигата меѓу поранешниот негов клуб Фенербахче и Реал Мадрид. Пред почетокот на дуелот Антиќ ги собра овациите од навивачите на Фенер, потврдувајќи дека засекогаш ќе остане запаметена ѕвезда на клубот.

А, по крајот на натпреварот во изјава за „Беин спорт“, Антиќ истакна дека покрај таква публика добил желба и тој повторно да заигра на паркетот…

„Тие навивачи секогаш ви даваат дополнителна енергија. Секако добивате желба веднаш и вие да се најдете на паркетот. Ова беше навистина посебен меч, среќен сум што бев тука да ја поделам радоста на победата на Фенербахче. Ова беше 400-та средба на Жељко Обрадовиќ, кој сето ова го заслужи“ – изјави Антиќ по натпреварот.

Антиќ вели дека посакува Фенербахче повторно да биде европски шампион…

„Се надевам дека Фенербахче повторно ќе стигне до европската титула. Тоа го потврдува овој натпревар. Беше феноменален меч со драматична завршница во кој Фенер заслужено победи“ – истакна Антиќ.

Се вчитува...