Перо Антиќ се врати на тренинзите на Црвена Звезда

Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ по подолга пауза се врати на тренинзите на евролигашот Црвена Звезда. Центарот имаше мака со болките во Ахиловата тетива и пропушти поголем број натпревари, меѓу кои дуелот со МЗТ Скопје Аеродром во АБА – лигата. Последниот меч го одигра на 15.јануари против Цедевита.

Тој нема да биде подготвен за мечот против Олимпија Милано во Евролигата, но тренерот Душан Алимпијевиќ очекува да помогне во борбата за трофејот во купот „Радивоје Кораќ“.

„Антиќ од денеска се врати на тренинзите, и полека ќе очекуваме да се врати во натпреварувачки ритам“, истакна Алимпијевиќ за српските медиуми.

Купот „Радивоје Кораќ“ се игра од 15. до 18.февруари во Ниш.

Се вчитува...