Перо Антиќ стана амбасадор на клуб од АБА-лигата

Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ од денеска има и нова функција, како амбасадор на АБА-лигашот Игокеа. Антиќ веќе подолго време важи за близок со водечките луѓе на овој клуб, за Игор Додик денеска и официјално да објави дека Антиќ ја прифатил амбасадорската улога.

„Со големо задоволство објавуваме дека Перо Антиќ станува амбасадор на нашиот тим Игока. Неговата харизма, професионализам и спортски дух ќе бидат силна инспирација на сите кои се дел од нашата заедница. Заедно градиме нови успеси“, порача Игор Додик.

Се вчитува...