Перо Антиќ во „Пресинг“: Гркот ми го бацува знамето, јас него во „ќељавицата“… никакви проблеми

ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
=====================================================

Перо Антиќ е гостин во најновата епизода на „Пресинг“, два часа во кои најдобриот македонски кошаркар на сите времиња говореше за најразлични теми.

Меѓу другото, нашата кошаркарска легенда говореше и за дочекот што му е приредуван кога и да дојде како гостин на мечевите на своите поранешни клубови Фенербахче и Олимпијакос. Антиќ играше за грчки Олимпијакос и секогаш со задоволство се присетува на тој период од кариерата, потенцирајќи дека никогаш не се соочил со проблем како Македонецот кај нашиот јужен сосед.

„Еве сега ќе одам на 16-ти да гледам Фенербахче со Панатинаикос… ти дали знаеш 20.000 луѓе само да застанат на нозе, а јас сум играл 2018 година таму… Во Олимпијакос бев во 2013, а сега минатата година отидов… Македонец во Грција, кој го има истетовирано знамето, голем воин и пишува „Macedonian warrior“.

„Пред натпревар јас се соблекувам, со докторот имавме зезанција, јас ќе го бацам во „ќељавица“, Гркот ми го бацува знамето и одиме… Ние немавме тоа, било какви проблеми, треба тие другите да се занимаваат со такви работи“, вели Антиќ.

„Во спортот нема такви комплекси“, додава Дарко Панчев.

Целиот разговор со најдобриот македонски кошаркар на сите времиња може да го проследите овде…

Се вчитува...