Перо Антиќ во тимот на деценијата на Црвена Звезда (ВИДЕО)

Перо Антиќ се најде во тимот на деценијата на Црвена Звезда. Антиќ во изборот на навивачите на официјалната страна на Евролигата е дел од десетмината величествени кои ја одбележаа минатата деценија во црвено-белиот дрес. Во минатата декада Антиќ во последната сезона во кариерата се врати во Белград каде ја одигра сезоната 2017/2018 година.

Покрај Антиќ меѓу десетте најдобри се наоѓаат и Бобан Марјановиќ, Стефан Јовиќ, Никола Калиниќ, Марко Гудуриќ, Марко Симоновиќ, Чарлс Џенкинс, Квинси Милер, Василије Мициќ и Мајк Цирбес.

 

Се вчитува...