Перо Антиќ се најде во фокусот на кошаркарската јавност откако македонската легенда се појави во ложата во арената во Атина, за да го следи дуелот на своите два поранешни клубови, Олимијакос и Црвена Звезда.
Антиќ, кој својата играчка кариера ја заврши токму во Црвена Звезда, не ја крие желбата да се врати назад во српскиот кошаркарски гигант, но во некоја поинаква улога.
„Кој играч би сакал да го видам во Црвена Звезда? Јас да се вратам, но во некоја друга функција“, со насмевка прокоментира Перо, па продолжи: Дали ќе се вратам? Дај Боже, од ваша уста во Божји уши“.
Тој се осврна и на времето минато во редовите на „црвено-белите“ од Белград.
„Никогаш нема да го заборавам дружењето, како и навивачката група „Делије“, кои се срцето на клубот. Без нив Црвена Звезда не би била она што е денес. Тоа мора да се доживее. Јас сум пресреќен каква кариера имав, но тоа е минато, а сега уживам во сегашноста“, прокоментира Перо Антиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

