ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
=================================================
Перо Антиќ е гостин во најновата епизода на „Пресинг“, два часа во кои најдобриот македонски кошаркар на сите времиња говореше за најразлични теми.
Воедно, Антиќ обелодени дека во 2014 година добил понуда од Партизан, што без размислување ја одбил поради лојалноста што ја чувствувал кон Црвена Звезда.
„Мишко Ражњатовиќ можете да го прашате, 2011 година, јас играв тогаш, се симнувам доле и прв клуб Мишко што ми го кажа е Партизан!
Немав скршен денар, но веднаш му реков: Мишко, не можам таму. Не можам јас да навивам за Делије, а после демек сум добар и со… Ги почитувам „Гробари“, но ова се моите“, коментира искрено Перо Антиќ.
===============================================
Целиот разговор со најдобриот македонски кошаркар на сите времиња може да го проследите овде…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

