Перо Блажевски седна на клупата на КК Гостивар

Гостивар, кој оваа сезона игра под очекувањата и се наоѓа на претпоследното место во табелата на Македонската кошаркарска Супер лига, доживеа промени во раководството и на клупата.

Клубот неодамна премина во рацете на Општината, што носи нова надеж за подобрување на состојбата. Пред 15. коло, се случи и тренерска смена откако Александар Петровиќ повеќе не е на клупата, а неговото место го зазеде Перо Блажевски.

За Блажевски ова ќе биде прв ангажман на чело клуб од Суперлигата по 2021–2022 година, кога го водеше вториот тим на МЗТ. Дебито на Блажевски е токму против неговиот поранешен клуб, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Натпреварот е закажан за денеска со почеток од 18 часот.

Се вчитува...