Рома си ја заврши „домашната задача“, па со денешната победа над Карабах си го обезбеди пласманот во осминафиналето од ЛШ. Згора на тоа, ремито во Лондон меѓу Челси и Атлетико Мадрид значеше и скок на „волчицата“ на првото место во групата, што би требало да донесе и нешто полесен ривал во нокаут фазата.
Диего Пероти, кој го постигна голот за триумф над Карабах, не го криеше задоволството по пласманот меѓу 16-те најдобри екипи во Европа.
„Ова е прекрасен момент за нас. Кога беше ждребот и ги добивме противниците никој не веруваше во нас. Затоа сега сето ова е послатко, Рома оди во осминафинале како првопласирана во групата, и тоа тотално заслужено. Вечерва не беше лесно бидејќи Карабах се бранеше со сите фудбалери во сопствената половина, но работевме напорно, создававме шанси и го постигнавме толку посакуваниот погодок“ – изјави Пероти веднаш по триумфот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА