Персон им се приклучи на центарци (ФОТО)

Новото засилување на Работнички за престојните предизвици во Првата македонската кошаркарска лига, Весли Персон Џуниор пристигна во нашиот главен град и од денеска ќе им се приклучи на „црвено-белите“.

Американскиот интернационалец ги покрива бековските позиции, а во елитниот македонски шампионат доаѓа од екипата на Корихаит од Финска, каде на 34 натпревари минатата сезона имал просек од 13,6 поени, два скока и 1,4 асистенции. Претходно во својата кариера има настапувано и во Чиле, Велика Британија, Унгарија и Италија.

Интересно, 28-годишникот е син на поранешната НБА ѕвезда Весли Персон кој имаше повеќе од 700 натпревари во НБА лигата во периодот од 1994 до 2005 година.

Се вчитува...