Перспективните фудбалски судии  од Македонија на УЕФА семинар во Швајцарија

Тројцата најперспективни млади фудбалски судии од Македонија Александар Василевски, Кристијан Џонов и Андреј Ќамилов, под раководство на УЕФА фитнес тренерот Сашо Даневски кој е и национален фитнес тренер на сите македонски судии, ќе учествуват од 23 до 27 септември на годинашниот семинар за млади европски судии во организација на УЕФА. Семинарот ќе се одржи во Нион, Швајцарија.

На семинарот ќе се изврши проверка и следење на физичката подготвеност на судиите кои учествуваа и на првиот дел од семинарот што исто така се одржа во Нион во почетокот на март годинава и на кој исто така беа присутни македонските млади судии. Континуираната соработка со судиите се одвива на највисоко ниво на две релации: судија – фитнес тренер и судија – стручен ментор за судење.

Активното менторство, според изјавите на учеснците на семинарот, досега се покажа како мошне продуктивно. Тие тврдат дека напредокот е видлив и дека оваа помош за нив е од големо значење бидејќи им отвора можност на два фронта да напредуваат во својот развој.

 М.М

Се вчитува...